1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел во посета на Индонезија

Ају Пурванингсих / Жана Ацеска10 јули 2012

Посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Индонезија (9-11. јули) ги потенцира традиционално добрите односи кон оваа земја, која е голем пазар во развој, значаен во време на еврокризата.

https://p.dw.com/p/15UXz
Фотографија: picture-alliance/dpa

Германија одржува дипломатски односи со јужноазиската островска држава од 1952. година. Со оглед на силно растечката економијa (над шест проценти) и младото население, моментно стопанските односи се во фокусот со оглед на еврокзризата. Германскиот извоз во Индонезија во 2011. година порасна за 5,3 проценти, додека индонезискиот извоз во Германија бележи раст од дури 16,8 насто.

Индонезија е многу атрактивна цел за странските инвеститори, посебно од Германија, убеден е економскиот експерт Харио Ашвикахојоно од Центарот за стратегија и меѓународни студии во Џакарта.

„Врз основа на силниот економски развој Индонезија има потреба од многу инвестиции, на пример за изградба на фабрики, но и машини. Германија во тој поглед е во предност поради добриот квалитет на своите производи. Ветувачки можности за инвестиции постојат и во енергетскиот сектор и во рударството, смета Ашвикахојоно.

Angela Merkel Indonesien Empfang Immanuelkirche Besuch
Ангела Меркел при посетата на ЏакартаФотографија: picture-alliance/dpa

На цена печатот „Произведено во Германија“

Индонезија го цени високиот квалитет на германските производи. Претприемачот Хендри Кушдиан признава дека цените на германските машини се навистина повисоки отколу споредбените производи од другите земји, но човек навистина може да се потпре на германскиот квалитет. Со својата фирма Кварсиндо тој увезува користена опрема од Германија за преработка на био отпад. Конкурентите од Азија имаат слични машини на понуда, но со помал квалитет и ефикасност, вели Кушдиан.

Во Индонезија се присутни околу 250 германски фирми, меѓу кои и крупни концерни како Сименс, БАСФ, Бајерсдорф, Мерк, Хенкел, ДХЛ, Шенкер, Луфтханза, БМВ и Мерцедес.

Странските инвеститори често се жалат на бирократските пречки и корупцијата. И покрај тоа економскиот експерт Ашвикахојоно е уверен во нивното натамошно доаѓање во Индонезија.

„Вложувачите ја избираат Индонезија поради високите добивки. Многу германски фирми веќе долго работат овде и прилично добро ја познаваат ситуацијата“.

Angela Merkel Besuch Ankunft Indonesien Halim Perdanakusuma Flughafen Jakarta
Свечен пречек на МеркелФотографија: picture-alliance/dpa

Без страв од исламистите

За странсиките инвеститори важен фактор при нивната одлука е политичката стабилност на земјата. Во последно време во јавноста се слуша зачестено за исламистички групи, кои сакаат да шират антизападно расположение. Но, тие немаат големо влијание врз политиката и општеството. Најголемиот дел Индонезијци не го прифаќаат исламистичкиот фундаментализам. Јан Ренфелд, раководител на Германсо-индонезиската трговска комора ЕКОНИД во Џакарта, во овој поглед не стравува за иднината. Индонезија е политички и општествено стабилна земја, за ангажманот на странските инвеститори досега не се заканува никаква опасност од страна на исламистичките групи. Посетата на германската канцеларка Ангела Меркел (до 11. јули) е во функција на подобрување на стопанската соработка. Двете страни планираат и т.н. стратешко партнерство. Според мислењето на шефот на ЕКОНИД Ренфелд, тоа е сосем природно. Германија како најголема држава во ЕУ и Индонезија како најголема земја во рамките на југоисточноазискиот сојуз АСЕАН можат да градат сојуз заради заедничките интереси, на пример во рамките на Г20.