1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел е против испраќање германски војници во јужен Авганистан

4 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C0pZ

По враќањето од кратката посета на Авганистан,германската канцеларка Ангела Меркел потврди дека германските војници нема да бидат испраќани во завојуваниот јужен дел на земјата.Ако е нужно,сепак ќе им биде помогнато на сојузниците на југот.При нејзината посета на Кабул ,германската канцеларка му вети на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи поголема помош при обуката на полицијата.Меркел во Мазар и Шариф ја посети и базата на Бундесверот во Авганистан.