1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел за претседателствувањето со ЕУ

14 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Awk7
Една недела пред Самитот на ЕУ во Брисел , со кој завршува шестмесечното германско претседателствување со ЕУ , германската канцеларка Ангела Меркел упати сериозно предупредување од неуспех на напорите за изготвување нов европски уставен договор. Канцеларката притоа нагласи дека ниту во последните разговори со Полска не било најдено решение за нејзиното отфрлање на предложениот систем за донесување одлуки во ЕУ во иднина . Дали ќе биде постигнат заеднички став на Самитот наредната недела е сеуште отворено – истакна Меркел во владината изјава пред германскиот Бундестаг . Таа апелираше до полската влада , да се откаже од спротиставениот став. Истовремено канцеларката Меркел во Бундестагот извлече позитивен биланс за германското претседателство со Унијата. Соработката во последните месеци покажа, како европските планови може да добијат тежина во светот, смета Меркел во владината изјава.