1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел и Буш единствени по прашањето за Иран

Кристина Бергман 11 ноември 2007

Речиси 24 часа, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на САД Џорџ Буш, на ранчот во Тексас разговараа за голем број кризни прашања во светот.

https://p.dw.com/p/CADx
Меркел и Буш во КрафордФотографија: AP

Канцеларката Меркел и претседателот Буш времето минато заедно виснтински го искористија, а американскиот претседател Буш уште еднаш потенцираше колку ги цени заедничките разговори со канцеларката.

Буш има разбирање за тоа дека Германија и САД имаа различни гледишта на војната во Ирак. „Но откако ирачката демократија е во пораст, знам да го ценам тоа, што Германија конструктивно соработува со Ирак и што германската влада помага при обуката на полицијата во Ирак.“

За атомскиот спор со Иран и двајцата кажаа дека заканата од иранската атомска програма е сериозна, но решението и натаму мора да се бара по дипломатски пат. „Одлучни сме да ги преземеме наредните чекори, кои веќе се утврдени, подготвени сме за тоа значи, доколку не се постигне напредок на разговорите на претставниците на Иран со репрезентантот на Европската унија Хавиер Солана, доколу извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија не е задоволителен, тогаш мора да се размислува за нова рунда санкции, и не само да се размислува туку мора и да се усвојат. “

Во однос на Косово, разговорите за иднината на српската покраина се во решавачка фаза, рече канцеларката. Србите и Косоварите се повикани да најадат „разумно решение“ смета Меркел. Во Крафорд стана збор и за престојната Блиско источна конференција во американскиот Анаполис, за што дојде поддршка од гераманска страна да се постигне напредок во мировниот процес. Меркел и Буш разговараа и за ситуацијата во Либан и за реформата на Советот за безбедност, како и за конференцијата за климата во декември во Бали.

Во однос на вонредната ситуација во Пакистан, Буш уште рече „Ве потсетувам дека Мушараф даде ветување дека ќе ја соблече неговата униворма, и дека ќе има избори – тоа се позитивни чекори.“

И покрај сите разлики, на средбата во Тексас Буш и Меркел демонстрираа хармонија. Гермаснката канцеларка во меѓувреме се врати во Берлин.