1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел и Путин на меѓувладини консултации

15 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BqzF

Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин денеска во Визбаден ќе имаат средба во рамките на 9-те меѓувладини консултации. Путин во Германија донесе дванаесет министри кои ќе имаат средба со германските ресорни колеги. Во центарот на разговорите се економската соработка и врските меѓу Русија и ЕУ. На средбите ќе се разговара и за иднината на Косово и атомскиот спор со Иран. Меркел и Путин ќе разговарат и за резултатите од таканаречениот Петерсбуршки дијалог, востановен уште од 2001 година за приближување на двете земји. Форумот на кој учествуваат претставници на цивилното општетство, годинава под раководство на поранешниот советски претседател Михаил Горбачов и последниот премиер на ДДР, Лотар де Мајциер започна во саботата во Визбаден.