1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел на Путин му испраќа пиво, со што ѝ возвраќа тој?

13 март 2018

На човек како Владимир Путин не е лесно да му одберете подарок. Но, на Ангела Меркел по се изгледа тоа и успева. Меркел редовно му испраќа на рускиот претседател од неговото омилено пиво. Со што ѝ се реваншира тој?

https://p.dw.com/p/2uEw7
Deutschland G20 Begrüßung der Teilnehmer durch Merkel
Фотографија: Reuters/C. Barria

Во интервју објавено за време на викендот, рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека одржува редовни контакти со германската канцеларка Ангела Меркел, и дека таа, одвреме навреме му испраќа по неколку шишиња од неговото омилено пиво. Путин мина долги години како агент на КГБ во поранешна Источна Германија и очигледно се уште ја негува страста за германското пиво. Неговото омилено е пивото на „Радебергер“, а Меркел се грижи за тоа рускиот претседател редовно да ја добива својата доза од омилениот пијалок.

По само еден ден од изјавата на Путин, германската канцеларка беше прашана на прес-конференција со што таа му се реваншира на рускиот претседател?
Одговорот погледнете го во видеото:

Меркел на Путин му испраќа пиво, со што ѝ возвраќа тој?