1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел патува за Кина

26 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BXyl

Германската канцеларка Ангела Меркел која денеска патува за Кина потврди дека со властите ќе разговара и за состојбата со човековите права во земјата. Врските меѓу Берлин и Пекинг во меѓувреме толку се зацврстија што може да разговараме и за спорни прашања, изјави Меркел. Тема на разговорите ќе бидат и климатските промени и проблемите со пиратерија. Меркел по Кина патува за Јапонија. Канцеларката ја прати и висока стопанска делегација.