1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел повторно апелираше за подготвеност за компромис

21 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AzCm

Непосредно пред почетокот самитот на ЕУ на кој ќе се разговара за документот кој треба да го замени европскиот Устав, германската канцеларка Меркел денеска повторно апелираше до земјите да изразат подготвеност на компромис. Таа се надева дека сите ќе работат во духот на постигнување на заедничко решение. За сега нема компромис на повидок. И Полска и Велика Британија се закануваат со вето. Полска бара промена на сегашниот предлог систем на распределба на гласовите, а и Британија останува на барањата да важат посебни правила за нејзините граѓани, особено во делот на основните права. Претседателот на ЕК Хозе Мануел Барозо изјави дека е можен компромис, но дека ќе му претходат долги и тешки преговори.

Дводневниот самит започнува попладнево во Брисел.