1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел се заложи за посилна соработка со Индија

30 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bxzj

Германската канцеларка, Ангела Меркел, има намера да ги продлабочи економските односи со Индија. Во текот на разговорите во Њу Делхи, според Меркел, треба да биде даден придонес кон продлабочување на соработката во политиката, економијата и науката. Меркел, која во Индија е придружувана од голема стопанска делегација, има намера да стави нов акцент на германската развојна помош за Индија. Наместо како досега, во фокусот да биде борба против сиромаштијата, треба да се работи на поттикнување на заштитата на климата и на нови технологии.