1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел: уставната криза треба да се реши до 2009 година

26 март 2007
https://p.dw.com/p/AgKZ

Меѓувладина конференција за изготвување нов европски договор може да се одржи во втората половина на 2007 година кога Португалија го презема претседателството со ЕУ, изјави германската канцеларка Ангела Меркел. Според Меркел уставната криза во ЕУ треба да се реши до 2009 година, но до јуни мора да се одржи конференција на која ќе се пронајде излез од проблематичната ситуација. Според полскиот претседател Лех Качински, влегувањето во сила на нов европски договор до 2009 година е нереално. Инаку на викендот во Берлин, над половина милион луѓе дојдоа на прославата на 50 годишнината од Римските договори.