1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел ќе патува на Блискиот Исток

22 март 2007
https://p.dw.com/p/AgLk

Германската канцеларка Ангела Меркел на крајот на месецов ќе замине на турнеја на Блискиот исток во обид да го придвижи мировниот процес. Меркел планира разговори со палестинските и израелски лидери кои и по формирањето на новата палестинска влада не можат да ги усогласат ставовите. Членките на блискоисточниот мировен квартет ја повикаа новата палестинска влада на мир и признавање на Израел. САД, ЕУ, Русија и ОН соопштија дека забраната за директна помош за палестинските власти останува на сила. Претходно Вашингтон и Брисел соопштија дека ќе одржат контакти со преставници на палестинската влада кои не се преставници на Хамас