1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меси и Роналдо во нова битка за Златната топка на ФИФА

БГ/макфакс29 октомври 2013

Меѓу кандидатите за освојување на најпрестижното светско фудбалско признание се и петмина германски репрезентативци.

https://p.dw.com/p/1A7fp
Фотографија: picture-alliance/Ulmer

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја скрати листата на фудбалери кои конкурираат за престижната награда „Златна топка“. Конечната одлука за тоа кој ќе ја добие наградата ќе ја донесат селекторите и капитените на националните тимови, како и новинарите избрани од Франс фудбал.

На скратената листа на ФИФА има 23-ца фудбалери, меѓу кои се наоѓаат четирикратниот освојувач на наградата Лео Меси, потоа Кристијано Роналдо, како и Франк Рибери и Аријан Робен, кои со Бајерн ја освоија тројната круна. Листата на ФИФА за наградата „Златна топка“:

Герет Бејл (Велс), Единсон Кавани (Уругвај), Радамел Фалкао (Колумбија), Еден Азар (Белгија), Златан Ибрахимовиќ (Шведска), Андрес Иниеста (Шпанија), Филип Лам (Германија), Роберт Левандовски (Полска), Лионел Меси (Аргентина), Томас Милер (Германија), Мануел Нојер (Германија), Нејмар (Бразил), Месут Езил (Германија), Андреа Пирло (Италија), Франк Рибери (Франција), Арјан Робен (Холандија), Кристијано Роналдо (Португалија), Бастијан Швајнштајгер (Германија), Луис Суарез (Уругвај), Тиаго Силва (Бразил), Јаја Туре (Брегот на Слонова коска), Робин ван Перси (Холандија), Чави Ернандез (Шпанија). Наградата „Златна топка“ ќе биде доделена на 13.јануари 2014 година, на гала свеченоста во седиштето на ФИФА во Цирих.