Метеорит падна на Куба
2 февруари 2019Метеорит падна на западот на Куба и предизвика експлозија која беше слушната во повеќе села во провинцијата Пинар дел Рио, изјави член на Националниот астрономски институт. Бројни Кубанци на социјалните мррежи споделија фотографии и видео снимки од падот на метеоритот проследен со блесок вчера во 14:00 по локално време.
Новинари на локалната телевизија, пак, објавија фотографии на камења во големина на тупаница кои паднале во туристичкиот град Вињалес. Преплашените и изненадени жители на градот, излегле на улиците, но властите наведуваат дека нема извештаи за повредени лица.
Метеоритот не предизвикал ниту материјална штета. Според локалните власти камењата по падот единствено оставиле трагови на улиците. Најголемите од нив биле со дијаметар меѓу 20 и 30 сантиметри.