1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓународен ден против злоупотреба на детски труд

12 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Aw1t

12 јуни традиционално е меѓународен ден во борбата против злоупотреба на детскиот труд. Повеќе од 132 милиони деца под 15 години во целиот свет работата во земјоделството. Само во Африка работата меѓу 56 и 72 милиони деца на фарми и плантажи.

Првата детска амбасада во светот Меѓаши, по повод Меѓународниот ден против злоупотреба на децата во Скопје предупреди дека состојбата останува алармантна. Според организиацијата во Македонија над 18.000 деца не се вклучени во образовниот систем, а околу 1000 го минуваат своето детство на улица.