Мигрантите и натаму собрани во Солун

Околу 2.000 мигранти трет ден по ред се собрани кај кампот „Диавата“ во Солун и не се откажуваат од намерата да тргнат кон грчко-македонската граница.

Мигрантите кои ноќите ги поминуваат во шатори околу бегалскиот камп „Диавата“ во Солун, имаат и натаму намера да тргнат на марш кон грчко-македонската граница, од каде би продолжиле кон централна Европа. Силни полициски сили го спречуваат почетокот на маршот, јавуваат грчките медиуми.

Повеќе: Опасни игри со пожари и мигранти: Кој ја тестира Македонија?

Во текот на изминатите денови преку интернет се прошириле гласини дека границата помеѓу Грција и Северна Македонија е отворена. Грчкото министерство за миграција соопшти дека границата нема да биде отворена и дека сите мигранти треба да се вратат во своите сместувалишта. За таа цел надлежните ставиле на располагање автобуси.

Грчката полиција критикува дека некои лица во кампот „Диавата“ користат жени и деца како еден вид заштита за да ја пробијат полициската блокада. Меѓу мигрантите има „хардлајнери“ кои сакаат да создадат тензии, изјави Никос Рагкос од Министерството за миграција, надлежен за бегалски кампови во северниот дел на Грција.

Блокада на жечезничката станица во Атина

Собири на мигранти кои сакаат да тргнат кон север имаше и во Атина. Таму вчера околу 300 луѓе ја окупираа железничката станица, поради што железничкиот сообраќај беше запрен неколку часови.

Now live
02:03 минути
Теми | 05.04.2019

Дали бегалската криза е завршена?

Следете нѐ