1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мигрантите - потрошувачи без вистинска заштита

Силвера Падори2 ноември 2007

“Заштитата на потрошувачите во општество на доселеници” е насловот на Студијата која се занимава со ситуацијата и проблемите на турските и руските мигрантите како конзументи

https://p.dw.com/p/Bzdg
Поради јазичната бариера, многу мигранти отплатуваат скапи кредитиФотографија: AP

“Прв резултат од Студијата е што покажа дека заштитата на потрошувачите не ги допира мигрантите како целна група. До нив стигнуваат понудите од Централата за заштита на потрошувачите, но поради јазичната бариера им се недостапни. Со тоа мигрантите не добиваат информации, ниту можност да бидат советувани за работи околу кои и Германците бараат помош - од условите за поволните кредити, преку различните осигурувања, до евтините телефонски тарифи” - Татиана Лима Курвело, раководител на на берлинското здружение за бинационални семејства и партнерства ја коментира Студијата за заштата на потропшувачите во општество на доселеници.

Некогаш се штедело

Освен јазикот како бариера влијае и начинот на живот. Добар дел од мигрантите живеат изолирано, немаат вистински информации за многу нешта. Не ретко се жртви на измами, фиансиски дубиози. Честопати плаќаат најскапи кредити или не ги поседуваат потребните документи за старосно згрижување, зашто истите одамна ги фрлиле.

"

Едно турско семејство го чинат 4,1 лице наспроти германскиот просек од 2,3. Некои имаат и по 5 и повеќе члена што го покажува животот на три генерации. Но, важно е што сепак станува збор за натпросечно млада потрошувачка група. Најинтересна целна група се лицата од 14 до 49 години” - дава приказ на 2,7 милиони Турци кои живеат во Германија Булен Арслан, раководител на Имап Институтот од Дизелдорф, кој од својата втора година живее тука, подвлекувајќи дека во седумдесетите години во турските семејства кои живееле во Германија се штеделе и 40 проценти и од најниската плата. Семејствата имале цел - со заштедените пари да се вратат во татковината. Од друга страна, потрошувачката била минимална. Никому на пример не му паќало на ум да купи стан или куќа во Германија!

Профит за телефонијата и авио превозниците

Според Арслан иако дел од работите сега се сменети, од ваквиот мигрантски живот ориентиран кон татковината профитираат одредени сфери.Еден класичен пример е телефонијата.Просечно туските семејства плаќаат 2,5 до 3 пати повисоки телефонски сметки од Германците. Не дека особено сакаат да телефонираат од мобилен, туку заради тоа што се во постојан контакт со роднините, пријателите во Турција. Потоа тука се и авионските патувања од кои профитираат авио превозниците и туристичките агенции.

Куќата - симбол за успех кај руските мигранти

Кај новите доселеници од Русија, пак, се забележуваат две главни потрошувачки групи. Младите од 10 до 27 години кои сакаат да имаат се, немаат многу пари и се задолжуваат. И средната генерација меѓу 27 и 45 години кои заминале од Русија. Во Германија практично почнале од нула и сакаат брзо се да надополнат. Цел на многу семејства е за седум осум години да имаат своја куќа. Доколку ова не можат да си го дозволат инвестираат во познати автомобилски марки, скап мебел, најнова аудио техника.

За да може да се подобри заштитата на мигрантите како потрошувачи, според Татиана Лима Курвело ќе треба да мине време. Втората и третата генерација ќе бидат комплетни и ќе може да бидат еден вид мост, чии столбови повторно се врзуваат за познавањето на германскиот јазикот и интеграцијата.