1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милошовски во Брисел

4 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Ao04

Министерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошовски денеска во Европскиот парламент во Брисел ќе реферира за напредокот во реформите и актуелната состојва во Македонија. Милошовски ќе зборува пред членовите на Комисијата за надворешна политика на парламентот. Во рамки на престојот во Брисел, Милошовски ќе се сретне со потпретседателот на Комисијата за надворешна политика Либор Ручек и првиот човек во директоратот за проширување на Унијата, Мајкл Ли.