1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милошоски учествува на форумот во Блед

27 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BYUm

Европа не е целосно обединета без нејзиниот југоисточен дел, а сите досегашни проширувања се потврда на успехот на европската идеја, изјави македонскиот министер за надворешни Антониот Милошоски во обраќањето на форумот на Блед, во делот посветен на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. Според Милошоски досегашните постигнувања на Македонија се повеќе од доволна гаранција за завршување на преостанатите обврски, без да се наруши динамиката на процесот на интегрирање во унијата, а уште помалку да се наруши квалитетот на реформите. Претходно словенечкиот премиер, Јанез Јанша, изјави дека распоредот на проширување на унијата ќе биде една од главните задачи на словенечкото претседателство со ЕУ кое почнува во јануари. На форумот учествуваат околу 400 политичари, научници и претставници на меѓународни организации од 50 земји.