Министрите верни на Моктада ел Садр се повлекоа од ирачката влада
16 април 2007Реклама
Влијателното политичко движење на шиитскиот свештеник Моктада Ел Садр се повлече од ирачката влада . Политичката групација на Ел садр утринава им нареди на шесте владини министри од нејзините редови да го напуштаат кабинетот на премиерот Нури Ел Малики , бидејќи како што истакна, тој одбива да претстави план за повлекување на странските трупи од Ирак . Движењето на Садр има 30 пратеници 275 – члениот ирачки парламент.