1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мини војна во појасот на Газа

28 јануари 2007

Викендов се распламтеа судирите меѓу приврзаниците на палестинските ривалски групи фатах и Хамас .

https://p.dw.com/p/Abzm
Фотографија: AP

Станува збор за најкрвави борби меѓу палестинците по победата на радикално-исламистичкиот Хамас на изборите пред една година .

Во изминатите три дена убиени се повеќе од 20 лица , меѓу нив и цивили , кои се најдоа меѓу фронтовите . Во престрелките во појасот на Газа загинаа и едно двегодишно и едно шестгодишно дете . Цивилното население е праплашено од насилството :

Бев во куќата и чув истрели. Имаше експлозии и ракети . Што е тоа? Зарем ние не сме Муслимани. Тоа се дела на Евреите“- вели гневно една жена. Но вооружените прврзаници на двете ривалски групи , не се смируваат ни поради проколнувањата на цивилите ни поради повиците на политичарите .

Тие продолжуваат со нивната борба за моќ и покрај напорите за воспоставување прекин на огнот, употербувајќи и минофрлачки гранати и противтенковски ракети . На двете страни се грабнати околу 50-ина заложници . Со заканата за нивно егзакутирање двете страни се обидуваат да де натераат на повлекување .

Напорите политичкиот застој да биде надминат преку созздавање влада на национално единсттво , под притисокот на растечкото насилство повторно влегоа во ќорсокак.

Двете ривалски групи ги откажаа разговорите и се обвинија меѓусебно за нивниот неуспех :

Ние Исламското движење на Отпорот Хамас со ова објавуваме дека го откажуваме нашето учество во дијалогот за создавање влада на национално единство , поради злосторствата кои започнаа да ги изведуваат бандите бунтовници“

Инаку наредниот петк во Вашингтон треба да се одржи средба

на Блискоисточниот квартет, прва по подолго време.

Германскиот канцелар Ангела Меркел искажа уверување дека е можен напредок во мировниот процес, доколку бидат поврзани сите меѓународни и регионални напори. По средбата во Берлин, јорданскиот крал Абдула и’ ја вети на Меркел својата подршка за напорите на квартетот, чија средба е планирана за 2-ри февруари во Вашингтон. Кралот ја нагласи неопходноста од директни преговори меѓу Палестинците и Израел.