1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Минтерферинг поднесе оставка

13 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CBFz

Германскиот вицеканцелар и министер за труд Франц Минтеферинг се повлекува од функцијата во текот на месецов. Министерството за труд во Берлин потврди дека „министерот се повлекува исклучиво од семејни причини“. Причина за оставката на политичарот на СПД е неговата сопруга која подолг период боледува од рак. Медиумите веќе шпекулираат дека Минтерферинг на министерското место може да го наследи координаторот на парламентарната фракција на социјалдемократите, Олаф Шолц, а вицепремиерското место да го добие актуелниот министер за надворешни Франк Валтер Штајнмаер.