1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Минхенската конференција во знакот на нов почеток

Нина Веркхојзер6 февруари 2009

Денеска започнува дводневната меѓународна конференција за безбедност. Во фокусот е американскиот вицепретседател Џо Бајден кој сака повторно да ги приближи односите со европските партнери.

https://p.dw.com/p/GoND
Од минатата конференцијаФотографија: AP

Конференцијата за безбедност во Минхен од година на година добива на поени. Годинава повторно ќе се соберат стотици експерти и високи политички претставници. Таму ќе бидат германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Никола Саркози. Но овој пат во фокусот ќе биде новиот американски вицепретседател Џо Бајден, кој е прв претставник на новата американска администрација кој ќе допатува во Европа. Неговиот настап посебно го радува претседавачот со конференцијата, Волфганг Ишингер, кој вели дека е посебно горд што Американците одбрале Минхен да биде првата меѓународна дестинација на која ќе зборуваат за надворешно-безбедносните политички прашања. Тоа според него е е извонредно.

Авганистан и Иран во фокусот

Бајден ќе зборува за позицијата на американската влада кон Европа и идната улога во НАТО. Посебно внимание сигурно ќе предизвика кога ќе зборува за ситуацијата во Авганистан, каде Американците сакаат да го зголемат бројот на војниците. Пред се Европејците во салата ќе сакаат да видат дали Вашингтон од нив ќе очекува поголем ангажман во оваа земја. Во аудиториумот ќе биде и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, кој во август е соочен со претседателски избори. Засега е нејасно дали тој повторно ќе добие поддршка од Вашингтон. На маргините на конференцијата ќе има средба меѓу американската и авганистанската делегација. Иако не е за очекување, можно е да дојде до средба меѓу иранската и американската делегација, со оглед дека американската влада најави подготвеност за директни контакти со Иран.

Joe Biden Bildergalerie Kabinett
Џо БајденФотографија: AP

Интересна идеја на Штајнмајер

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмајер, на почетокот на конференцијата ќе зборува за темата контрола на вооружувањето и притоа нема да го поштеди Иран. Идејата на Штајнмајер е производството на материјалите кои се користат во нукеарната технологија да се стават под меѓународна контрола. Тој смета деак тоа треба да биде Меѓународната агенција за атомска енергија. Штајнмајер вели дека расте поддршката за предлогот. Тој ќе продолжи интензивно да работи, а на оваа тема во Минхен ќе разговарал со шефот на меѓународните атомски власти, Мохамед ел Барадеи.

Конференцијата во Минхен може да ја искористат за настап и германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози. За прв пат по крајот на Втората светска војна планирано е стационирање на Бундесверот во Франција. Околу оваа тема се‘ уште постојат неколку отворени прашања.