1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мирен и успешен почеток на Светското фудбалско првенство

10 јуни 2006

Илјадници спортски навивачи ноќеска ја славеа победата на домаќинот,Германија во првиот натпревар ја совлада Костарика со 4:2,во вториот натпревар првото изненадување:Еквадор подобар од Полска,победи со 2:0.

https://p.dw.com/p/Ac5w
Радост на германските фудбалери
Радост на германските фудбалериФотографија: AP

Многу голови,полни стадиони,но и плоштади во поголемите градови,прекрасно време.18 –то Светско фудбалско првенство во Германија започна на најубав можен начин

Илјадници спортски навивачи ноќеска ја славеа победата на домаќинот,Германија во првиот натпревар ја совлада Костарика со 4:2,во вториот натпревар првото изненадување:Еквадор подобар од Полска,победи со 2:0.

Селекторот на германската репрезентација Јирген Клинсман по натпреварот на својата екипа сосема задоволен:

-Мислам дека на сите малку ни олесна,зашто не знаевме што не чека.А токму првиот натпревар,отворањето,често донесувал лоши изненадувања,а нам тоа не смееше да ни се случи.Затоа сум среќен за она што го покажаа нашите момчиња,ова беше прекрасен почеток на првенството,рече Клинсман.

Светското фудбалско првенство инаку официјално започна со шоу на Минхенскиот стадион.Официјалниот знак за почетокот го даде германскиот претседател Хорст Келер:

-Драги пријатели на фудбалот овде,од целиот свет,конечно,започнува.Се радуваме на следните четири недели фудбал,фудбал и фудбал,го прогласи Келер отворањето на најголемиот фудбалски настан.

На стадионот беа присутни околу 60 илјади гости од цел свет,а 1400 танчери и музичари се погрижија за добрата забава и создавање расположение.

Но,не беше забавно само на стадионот во Минхен.Во сите поголеми градови на улиците беа илјадници навивачи,кои натпреварите ги следеа на видео бимови.Во Берлин пред Бранденбуршката порта имаше околу 300 илјади луѓе.Слично беше и во Франкфурт,Келн,Хамбург,Штутгарт.Полицијата соопшти дека собирите поминале без поголеми нарушувања на јавниот ред. Првите натпревари од Светското фудбалско првенство ги следеа преку ТВ екраните милиони гледачи во светот.