1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мирни протести во Тирана против апсењата во Македонија и Србија

БГ/миа7 мај 2012

Протестите во главниот град на Албанија против полициските акции во Скопје и Прешево минале без инциденти

https://p.dw.com/p/14rHo
Фотографија: DW

Во Тирана денеска без инциденти заврши протестот организириран од движењето „Нова Албанија“, под мотото „Во одбрана на нашите браќа, сестри и мајки Албанци во Македонија и Прешево“, за, како што велат, полициската акција „Монструм“ и за апсењето Албанци во јужна Србија осомничени за воени злосторства.

Како што објавија медиумите во Албанија, учесниците во протесниот марш, кои тргнале од плоштадот „Народни херои“ продолжиле до српската, а потоа пред македонската амбасада, носеле плакати на кои пишувало „Албанците муслимани не се терористи“, „Не, за неправдата врз нашите браќа Албанци“.

„Тука сме за да ги одбраниме вистината и правата на нашите браќа и сестри во Скопје и Прешево“, изјавил Едмонд Влашај, претседател на движењето.

Според информациите на албанските медиуми, македонското МНР побарало од албанските власти да ги преземат сите мерки за заштита на персоналот и објектот на Амбасадата на Македонија во Тирана.