1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мирното гласање е добар предзнак

Силвера Падори16 јуни 2008

Курт Бодевиг, парламентарец од фракцијата на Социјалдемократската партија во Бундестагот, смета дека сега Македонија треба да се претстави како мирољубива земја

https://p.dw.com/p/EKOY
Инцидентите од 1 јуни ќе бидат тема на дискусија меѓу Македонија и ЕУ - смета Курт БодевикФотографија: AP

"

Сметам дека делумно повторените избори во Македонија беа многу важни. Битно е дека минаа мирно. Верувам дека мирното повторување на изборите е добар предзнак”. Ваква оценка за вчерашното прегласување во дел од изборните единици во Македонија даде Курт Бодевиг, парламентарец од фракцијата на социјалдемократите во германскиот Бундестаг и потпретседател на Комисијата за европски прашања.

Европската унија мирниот тек на изборите го подигна на ниво на критериум за демократската зрелост и идното членство на Македонија во унијата. На прашањето дали вчерашниот резултат значи и добивање термин за почеток на пристапните преговори со ЕУ, Бодевиг одговара: "Мислам дека сега можат да започнат разговори за тоа кога пристапниот процес би стартувал. Но, сигурно дека инцидентите што претходно се случија и однесоа и една жртва ќе бидат тема во разговорите меѓу Македонија и Европската комисија. Во оваа смисла е значајно Македонија сега да се претстави како мирољубива земја, која е во состојба да ги разреши и внатрешните конфликти. Со сигурност овие изборни инциденти ги оптоварија односите, но тие не се ставаат на сметка на владата, туку на дел од населението” - изјави за македонската програма на Дојче Веле, Курт Бодевиг, пратеник во Бундестагот.

ДВ: Владеачкатѕа национал конзервативна партија на премиерот Груевски доби 64 мандарти. Тоа е едно апсолутно мнозинство во Парламентот и Груевски може и самиот да формира влада. ЕУ меѓутоа сугерира да коалицира со ДУИ, односно партијата која ја има најголемата поддршка од Албанците. Дали се ваквите сугестии во духот на демократијата?

Бодевик: Мислам дека е сосема добро една од двете албански партии да биде вклучен и да има претставници во владата со што же даде придонес за стабилиѕација на земјата. Која од двете партии ќе одлуичи шефот на владата. Неговата позиција е релативно силна - го има мнозинството во парламентот и е во основна ситуација и самиот да одлуичи. Но затоа е и неопходноста да ги земе предвид гласовите на Албанците!

ДВ:По прашаањњето на демократијата Германија е пример за Македонија. И тука политилчките процеси ги води една коалициона влада. Што може овие недели во доменот на структурните реформи малата земја да научи од својот голем пријател?

Бодевик: Ние во Германија имаме добро парламентарно искуство. Има концензус во општеството дека мнопзинството од одлуките се прифажаат и во оваа смисла Германија но и останатите членки на ЕУ можат да бидат пример дека мора да има мирољубиви форми. Знаеме дека во 2001 имаше речиси граѓанска војна меѓу албанското малциснтво и мнозинското население и во оваа смисла е апелот до Владата во себе да вклучи и едно малцинство!