1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мит Ромни победи убедливо во Порторико

19 март 2012

Поранешниот гувернер на Масачусетс, Мит Ромни, оствари убедлива победа на прелиминарните републикански избори во Порторико, освојувајќи 83% гласови.

https://p.dw.com/p/14MdN
Фотографија: dapd

Партискиот противкандидат на Ромни, Рик Санторум, доби поддршка од само осум отсто. Со тоа, Ромни ќе ги освои сите 20 делегати од Порторико и уште повеќе ќе ја зголеми предноста пред тројцата преостанати кандидати за републиканска претседателска номинација.

Во Порторико имаат право да гласаат на партиски прелиминарни избори кога се бираат претседателски кандидати, но не и на самите претседателски избори.

Во ноември ќе биде одржан референдум, на кој ќе биде одлучено дали Порторико ќе биде 51 американска држава, а Конгресот тоа да го потврди. По синоќешните избори, Ромни има освоено 518 делегати, Санторум 239, Њут Гингрич 139 и Рон Пол 69 делегати.

Претседателска номинација добива кандидат со 1.144 делегати. Илиноис е следната држава на прелиминарни избори во вторник. Анкети покажуваат дека Ромни и Санторум имаат подеднакви шанси за победа. В сабота (24.03) изборите се во сојузната држава Луизијана.

Автор: СН/ЖА/дв/миа

Редактор: Е. М. Фиданоска