1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мијанмар – ОН

3 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BmC2

Советот за човекови права на ОН изрази жалење поради насилното задушување на протестите во Мијанмар. Во резолуцијата што ја донесе Советот се критикува воената хунта за убиство на демонстранти, како и бројни апсења. Државите членки на Советот се изјаснија за расветлување на настаните во Мијанмар од страна на специјалниот пратеник на ОН, Пауло Серѓо Пинхеиро. Високиот комесар за човекови права Луиз Арбур побара од хунатата соработка во расветлувањето.

Во меѓувреме се очекува од мисијата во Мијанмар да се врати пратеникот на ОН Ибрахим Гамбари, кој имаше средби како со шефот на хунатата Тан Шве, така и со лидерот на опозицијата Аунг Сан Су Чи.