1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мијанмар – пратеник на ОН

30 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BlM4

Пратеникот на ОН за Мијанмар, Ибрахим Гамбари денеска успеа да издејствува средба со водачот на опозицијата Аунг Сан Су Чи. Иако не се дознаваат никакви детали од разговорот, познавачите овој чекор го толкуваат како успех на меѓународниот притисок врз хунатата во поранешна Бурма. Аунг Сан Су Чи имено, веќе со години се наоѓа во куќен притвор и ова е прва нејзина средба со меѓународен претставник по цела една година.

Инаку протестите против хунтата на улиците на Рангун во меѓувреме стивнаа и само спорадично се појавува некоја група што ја провоцира полицијата.