1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мијатовиќ: Медиумите не и‘ служат на политиката

27 октомври 2011

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ на крајот на посетата на Скопје детектираше повеќе проблеми во областа на новинарството во Македонија.

https://p.dw.com/p/130Fb
Дуња Мијатовиќ, претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумитеФотографија: DW

Крајно време е политичарите, сопствениците на медиумите, но и новинарите да сфатат дека медиумите и‘ служат на јавноста, а не на политичарите, порача претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, која денеска ја завршува својата посета во Македонија.

По средбите со премиерот, Никола Груевски, со вицепремиерката, Теута Арифи и со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, таа детектираше неколку проблеми во областа на новинарството. Меѓу нив се непостоењето правна регулатива за медиумите, потребата од бројни реформи во јавниот радиодифузен сервис, како и во Советот за радиодифузија, декриминализација на клеветата и поголемо единство меѓу новинарите.

Мијатовиќ го поздрави дијалогот кој го води Здружението на новинарите на Македонија со вицепремиерката за евроинтеграции, Теута Арифи и истакна дека ОБСЕ ќе направи сe‘ за да продолжи овој процес.

Автор: ЖА/ макфакс

Редактор: А. Трајковска