1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ми рече „бабо“ и ми влезе во срцето

Даниела Корина Шпет
27 јули 2019

Освен мајка си, три ирачки деца бегалци во Германија немаа никого. Ниту семејство ниту пријатели. Но, за среќа ја најдоа Гиза Михаелис - нивната германска „баба волонтер“

https://p.dw.com/p/3MmNy
Symbolbild Unterricht Kinder - Flüchtlinge Erstaufnahmeeinrichtung Niedersachsen
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Steffen

Фатима, Ломена и Али избегале од Ирак со мајка си. Во Германија немале други членови на семејството или пријатели. Но, нашле баба и дедо - Германци.

Гиза Михаелис и нејзиниот сопруг се „баба и дедо волонтери“. Со семејството од Ирак се сретнале пред три години, преку проект во Берлин.

Гиза Михаелис се сеќава:

„Испивме чај и кафе, изедовме по некое колаче и заедно ја исчистивме масата. Беше навистина слатко кога најстарата ми рече: 'Извини бабо, заборавив како се викаш.' Беше убаво. Тоа ме трогна толку, што веднаш ја засакав.“

Ми рече „бабо“ и ми влезе во срцето

Децата оттогаш ја викаат „бабо“. Таткото на децата е се' уште во Ирак. Новото германско семејство им помага да излезат на крај со тоа. Германските баба и дедо се олеснување и за мајката, Лајла Алобаиди:

„Ми помагаат за сѐ. Ми помагаат со децата, со административни работи и околу училишните средби.“

Децата со своите „баба и дедо“ се среќаваат најмалку еднаш неделно. Тие немаат свои внуци, па сепак...

„Дури и ако моите сопствени деца еден ден имаат деца, не можеме да го прекинеме овој контакт, овој однос. Тие во меѓувреме се дел од нашето семејство и ние од нивното, вели Гиза. Таа и сопругот не можат да си го замислат животот без ирачките внучиња.