1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Млада циркуска ѕвезда

Регина Деч / Е.М.Фиданоска29 април 2013

Циркусот е работно место за семејството Касели. Се живее во приколка, 12 месеци во годината. Слоновите се домашни животни, а акробациите се вежбаат од мали нозе.

https://p.dw.com/p/18LC3
Фотографија: picture alliance / dpa

Рене Касели, најмлад син во едно баварско циркуско семејство, сака големи животни: „Вообичаено другите деца дома имаат кучиња или мачки, а јас имам слонови и коњи како домашни животни.“

Рене е израснат во Манеж. Циркусот е работното место на неговите родители, игралиште за децата. Се вежба уште од мали нозе. Во Монте Карло семејството Касели е наградено со „Златен кловн“, што се смета за Оскар во циркускиот свет. Семејството Касели го сочинуваат мама Алексија, 16-годишниот Рене, сестрата Мерилу и шефот на целата трупа, тато Рене. Нивен дом е приколката и тоа 12 месеци во годината.

„За мене ова е како големо семејство. Кога ќе влезам во Манеж тоа не е само водење на четири слона низ Манеж. Не! Ние, четири лица и четири животни правиме група од осум и секој внимава на другиот“, вели Рене Касели.

Поради тоа што е постојано на пат, Рене добива приватни часови. Кога трупата Касели има ангажман, како во минхенскиот циркус „Кроне“, речиси веќе и не се тренира. Секое движење мора да е извежбано.

Африканските слонови се тешки во просек по пет тона и високи над три метри. Семејството Касели со дресираните слонови веќе 25 години настапува ширум светот. Кљовите како вратило, тоа го има само во циркус.

„Има многу трикови кај кои слоновите се многу концентрирани и внимаваат горе да е се‘ во ред“, вели Рене Касели.

Покрај тешките животни, Рене јуниор во меѓувреме е ѕвезда на трупата со своите акробации на отскочна штица. Мерилу Касели раскажува: „Порано секогаш јас бев во фокусот, а тој беше помалиот брат кој не настапуваше многу во Манеж. Потоа моите родители го научиа да работи со слоновите и сега работиме заедно. Oткако работиме заеднички, и тој стана ѕвезда.“

Рене Касели и неговото трикратно салто. Сензација во Минхен. Младата ѕвезда сака и натаму да напредува.

„Моја наредна цел е петкратно салто и кога тоа ќе го постигнам можеби ќе заминам повторно во Монте Карло.“

Но, тинејџерот и вака е веќе миленик на минхенската циркуска публика.