1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Младенов: Македонија и Бугарија да се свртат кон иднината

5 мај 2010

Средба на македонскиот и на бугарскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски и Николај Младенов во Скопје. Главни теми-добрососедството и соработката меѓу двете земји.

https://p.dw.com/p/NF74
Фотографија: AP Graphics/DW Fotomontage

„Македонија, на бугарската иницијатива за потпишување на договор за добрососедство, даде одговори што се во насока на усогласување на текстот за да дојдеме до прифатлив договор“. Ова денеска во Скопје го истакна шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, по средбата со неговиот бугарски колега Николај Младенов.

Младенов истакна дека Бугарија и Македонија, како две независни држави можат да бидат пример на Балканот за добрососедски односи. Според него, двете земји треба да се насочат кон прашања што се важни за иднината, а не кон прашања од минатото. Двајцата министри информираа дека се одобрени агреманите за новите амбасадори во Македонија и во Бугарија.

Автор: ЖА/СН/макфакс

Редактор: Симе Недевски