1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Младите Германци незаинтересирани за политика

Ричард Фукс/Борис Георгиевски14 август 2012

Неодамнешна студија на државните институции покажа дека младите во Германија повеќе му веруваат на гето-раперот Бушидо, отколку на политичарите.

https://p.dw.com/p/15pE9
Фотографија: picture-alliance/dpa

Неговиот збор има големо значење за младите во Германија. Раперот Бушидо последниве години стана идол на цела една генерација. Во своите песни тој говори за трговија со дрога, проституција и оружје, а неретко пее и за условите за живот во проблематичните делови на Берлин во кои живеат голем број странци.

Досега во неговите песни ретко можеа да се слушнат политички текстови. Напротив, Бушидо почесто провоцираше со текстови за жените и со анти-геј содржини. Дури беше и казнуван поради тепачки и бројни кривични дела поради поседување дрога. Токму затоа, веста дека скандал- мајсторот бил на пракса во германскиот Бундестаг подигна голема прашина во јавноста.

Новата студија на Сојузната агенција за политичко образование и институтот Синус во Хајделберг, врз основа на испитување спроведено меѓу млади на возраст од 14 до 19 години, дефинитивно покажа дека овие луѓе се’ повеќе го игнорираат Бундестагот, партиите и политичарите- важни институции за претставничката демократија, вели Клаус Хурелман, соработник на студијата.

Jugend und Politik
Гимназијалци во посета на БундестаготФотографија: DW

„Малцинство од речиси 20 отсто од младите има голема дистанца кон партиите и дури ја доведува во прашање демократијата како облик на владеење и начин на живот“.

Образованието главен проблем

Марк Калмбах, истражувач на институтот Синус вели дека зад таквата состојба се кријат две причини. Социјално загрозените млади немаат можност да се образуваат и со самото тоа се почесто немаат можност да се запознаат со политиката: „Дури кога звездите како Бушидо ќе ги артикулираат проблемите на јазикот кој тие го разбираат, младите внимателно слушаат“.

Rapper Bushido Musik VIVA Comet 2008
БушидоФотографија: picture alliance/dpa

Тоа е уште една причина што праксата на раперот во Бундестагот предизвика толкаво внимание кај неговите обожаватели.

Хурелман вели дека студијата покажува и оти искажувањето на политичкиот интерес и политичката активност автоматски со себе повлекува и добро образование, лична сила и сувереност во општественото опкружување. Важно е да се нагласи дека без оглед на актуелната состојба и фактот дека политиката не игра важна улога кај младите Германци, тие, во споредба со претходните генерации, не се помалку политични.

Скандал-раперот Бушидо, по курсот во Бундестагот, вети дека ќе се спротивстави на актуелниот тренд меѓу младите и најави дека ќе формира сопствена партија.

Освен тоа, во иднина тој планира да стане и градоначалник на Берлин!