1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ММФ призна грешки во „спасувањето“ на Грција

ЕМФ/дв6 јуни 2013

Самокритика кај Меѓународниот монетарен фонд - при давањето помош за Грција се поаѓало од погрешни претпоставки и се потцениле огромните штети предизвикани од диктатот за штедење.

https://p.dw.com/p/18ku0
Фотографија: DW/A.Becker

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) призна дека се направени грешки и „значајни неуспеси“ во текот на првиот пакет помош за Грција. Програмата од 2010 година поаѓаше од преоптимистички проценки за развојот на грчките државни долгови и за можноста за реформи во земјата, се вели во извештај на ММФ за тогашната стратегија.

Програмата за помош помогна Атина да не мора да излегува од еврозоната и се спречи прелевање на кризата во таков размер на другите земји, се констатира во извештајот. Во него се додава дека големите мерки на штедење и структурните реформи во замена за финансиска помош биле неизбежни, но се потцениле драматичните последици за грчкото стопанство и за општеството.

Symbolbild Euro Münze
Фотографија: picture-alliance/dpa

Меѓу она што се предвидуваше околку висината на долговите на Атина и реалноста има „многу голема“ разлика, билансираат експертите на ММФ. Освен тоа, се очекувало дека во 2012 година Грција ќе има економски пораст, а земјата и во 2013 година е во рецесија, исто како и во изминатите 5 години. Довербата на пазарите во Грција не е вратена, а од банките се повлечени 30 проценти од влоговите, се жали Фондот. ММФ во анализата ја критикува и соработката со ЕК и ЕЦБ во таканаречената Тројка. Се вели дека имало проблеми при координацијата, како и различни цели.