1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ММФ ја одобри петтата транша за Грција

9 јули 2011

Директорот на ММФ, Кристин Лагард е задоволна од темпото на реформите во Грција и се надева дека земјата набрзо ќе излезе од кризата.

https://p.dw.com/p/11s4f
Кристин ЛагардФотографија: dapd

Меѓународниот монетарен фонд ја отпушти петтата транша од кредитот за Грција во износ од 3,2 милијарди евра.

Управниот одбор на ММФ гласаше за отпуштање на сумата во рамки на договорот постигнат во мај 2010 година за доделување вкупен износ од 30 милијарди евра. Со оваа транша досега на Грција и се отпуштени 17,4 милијарди евра.

Директорот на ММФ Кристин Лагард изрази уверување дека Грција ќе излезе од кризата.

„Способноста на Грција зависи пред се од енергичното и навремено имплементирање на програмата за штедење, од продолжувањето на поддршката од нејзините европски партнери и од учеството на приватниот сектор“, изјави Лагард.

Таа додаде дека програмата дава важни резултати и појасни дека буџетскиот дефицит се намалува, економијата повторно се балансира, а конкурентноста се подобрува и има прогнози за позитивен економски раст во првата половина на 2012 година.

„И покрај сето тоа претстои спроведување на уште многу структурни реформи и остануваат значителни предизвици за економската политика“, предупреди Лагард.

Автор: БГ/ миа

Редактор: Александра Трајковска