1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Многу жртви во бомбашките напади во Алепо

ЖА/дв/дпа/ртре3 октомври 2012

Во сирискиот милионски град во кратко временско растојание експлодирале повеќе бомби. Агенците известуваат за најмалку 40 загинати. Државната телевизија повторно за нападите ги обвини „терористите“.

https://p.dw.com/p/16JHo
Фотографија: Reuters

Во нападите во Алепо се ранети најмалку 70 лица, соопштија градските власти. Портпарол изјави дека бројот на жртвите може да се зголеми зашто меѓу ранетите има доста тешко ранети.

Сведоци тврдат дека имало најмалку две експлозии на централниот плоштад во градот. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека нападите биле преземени против офицерски клуб во хотел во Алепо. На сириската државна телевизија се прикажани снимки на големо уништување, а се зборува за вкупно пет терористички напади. Сириската влада го употребува вообичаениот термин „терористи“ за бунтовниците.

На плоштадот во центарот на Алепо во кој со месеци се водат тешки борби меѓу владините трупи и бунтовниците, се наоѓаат повеќе владини згради. Од почетокот на востанието против сирискиот претседател Башар ал-Асад во март 2011-та година се убиени илјадници луѓе. Според сириската Опсерваторија за човекови права бројот жртви во меѓувреме е зголемен на 31. илјада.

Специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија БЛакдар Брахими планира уште оваа недела да се врати на разговори во завојуваниот регион. Но, од ОН велат дека се‘ уште не е јасно дали Брахими може да патува таму. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун на средбата со сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем уште еднаш апелирал до сириската влада во Дамаск да има сочувство и милост кон сопствениот народ.