1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Многу загинати во бомбашки напад во Кабул

СН/ агенции
27 јануари 2018

Пред само една недела терористите нападнаа луксузен хотел во авганистанската престолнина. Безбедносната ситуација во земјата драматично се влоши по крајот на воената мисија на НАТО пред три години.

https://p.dw.com/p/2rcfZ
Afghanistan Explosion in Kabul
Фотографија: picture-alliance/dpa/Zumapress

Најмалку 95 лица загинаа а преку 150 се повредени во силната експлозија на возило на итна помош, велат последните информации кои ги соопштија авганистанските власти, според кои станува збор за самоубиствен напад. 

Министерството за здравство наведе дека се стравува оти бројот на жртвите и натаму ќе се зголемува и во соопштението додаде дека возилото на итна помош експлодирало во близина на седиштето на министерството за внатрешни работи.

Anschlag in Kabul Afghanistan
Фотографија: Reuters

Во првичните извештаи за нападот се споменуваа само повредени, но набрзо билансот на жртвите почна драстично да се зголемува.

Повеќе на темата:

-Да се застане и да се размисли за Авганистан

-Кабул- безбедноста не е гарантирана

-Воен ангажман без политичка визија

Нивото на предупредување од напади е максимално, посебно во дипломатската населба во Кабул каде што се наоѓаат и седишта на странски институции. Одговорноста за денешниот нападот ја презедоа талибанските бунтовници.

Кабул во последно цел на напади на талибаните и на разни џихадистички групи и во меѓувреме важи за едно од најопасните места за цивилите во земјата. Пред само една недела талибанците таму нападнаа еден луксузен хотел и притоа убија најмалку 22 лица. Повеќето жртви беа странци 

Taliban Anschlag in Kabul
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Hossaini

Авганистанските сили на безбедност се борат против талибанците од 2014 година, откако САД и НАТО официјално ја завршија воената мисијата во земјата. Безбедносната ситуација во земјата оттогаш наваму меѓутоа драматично се влоши.