1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Многу нејаснотии околу капацитетите на Иран

Улрих Пик4 февруари 2009

Претставници на петте земји постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија, денеска во Визбаден ќе разговараат за иранската атомска програма. Ова е прва средба откако Барак Обама стапи на функцијата.

https://p.dw.com/p/Gmu4
Постројката во ИсфаханФотографија: dpa - Bildfunk

Околу прашањето за иранската атомска програма и натаму владеат нејаснотии. Наспроти трвдењата на режимот во Техеран дека програмата е наменета исклучиво за мирнодопска употреба, постојат се` посериозни претпоставки дека исламската република работи на развој на атомска бомба. Меѓународната агенција за атомска енергија и натаму наведува дека засега не може да има целосен увид бидејќи повторно и` е забранет пристапот до дел од атомските постројки. Повеќе прашања и натаму се отворени.

Со колку центрифуги располага Техеран?

Еден од важните аспекти е бројот на иранските центрифуги за преработка на ураниум. Во пролетта 2006 година, кога Иран затвори дел од постројките тогаш земјата располагаше со 164 такви апарати. Колкав е нивниот број во моментов е непознато. Властите во Техеран зборуваат за повеќе од пет илјади, но тоа не е докажано. Исто така постојат несигурни информации околу тоа до кога земјата ќе располага со доволни количини на збогатен ураниум за изградба на атомска бомба. Информациите зборуваат за една до пет години. Последен на тоа укажа шефот на ИАЕА, Мохамед ел Барадеи, кој ќе учествува на конференцијата за безбедност што в сабота ќе се одржи во Минхен.

Ахмадинеџад покажува самодоверба

Kombo Barack Obama und Mahmud Ahmadinedschad
Барак Обама и Махмуд АхмадинеџадФотографија: AP / DW Fotomontage

Поврзано со ова звучат интересно информациите кои истовремено ги објавија персиската програма на „Гласот на Америка“ и „Би Би Си“ според кои Техеран имал проблеми во процесот на преработка на ураниумот во нуклеарно гориво. Доколку ваквите информации се точни, тоа значи дека позицијата на Техеран во атомскиот спор слабее. Во моментов е тешко да се дознае каква е навистина ситуацијата во Иран. Претседателот Махмуд Ахмадинеџад за време на вчерашното лансирање на првиот ирански сателит за телекомуникации покажа самодоверба. Кратко по соопштувањето на новата иницијатива на американскиот претседател Барак Обама за Блискиот исток, Ахмадинеџад јасно даде до знаење дека Иран не размислува да се откаже од процесот на збогатување на ураниум.