1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Многу работа, малку пари

21 јули 2011

„Генерација пракса“ со овие зборови честопати се опишуваат младите во Германија. Околу една третина од сите академски образовани граѓани и по завршувањето на студиите се одлучуваат за уште една пракса. Кои се причините?

https://p.dw.com/p/11nKT
Студија на фондација Ханс БеклерФотографија: DW

Факт е дека денес речиси никој не може да ги одбегне праксите. Тие се составен дел од биографијата, сеедно дали се работи за училишна пракса, курс за запознавање со некое претпријатие или обавезната пракса за време на студирањето.

Generation Praktikum
Ана СанклиоФотографија: DW

До пред неколку месеци 25 годишната Ана Санклио студираше на универзитетот во Бон германистика. Во меѓувреме успешно ги заврши студиите и наместо да конкурира за работно место се пријави за пракса во Гете институтот. Пари притоа не заработува. „Во септември сакам да продолжам со образованието и да студирам германски како странски јазик. Потоа ќе се стекнам со познавања да предавам германски јазик. Тоа радо го правам. До септември имам време и дотогаш радо ја апсолвирам праксата во Гете институтот, така што уште сега можам да видам, што се носи работата како наставник по германски јазик.“

Предностите и лошите страни на праксите

Една третина од германските апсолвенти и по завршувањето на факултетот се одлучуваат да апсолвираат пракса. Ова произлегува од студијата на фондацијата Ханс Беклер. 674 апсолвенти од четири универзитети во Германија учествуваа во интернет анкетата. Иако студијата не е репрезентативна, таа ги потврдува резултатите од веќе спроведените истражувања, вели Клаудија Богедан, раководител на одделот за напредување на научната дејност при фондацијата Ханс Беклер.

Praktikum
ПраксаФотографија: picture alliance/ZB

„Од една страна гледаме дека тоа е добра можност за апсолвентите да се вклопат и етаблираат во работното секојдневие. Од друга страна гледаме дека честопати условите се лоши - многу пракси не се платени, исто така дел од практикантите се чувствуваат искористени.“

Германскиот сојуз на синдикати затоа во меѓувреме бара генерална забрана за апсолвирање на пракси по завршувањето на студиите. Сеедно дали се платени или не. Исто така, тие бараат студентите да бидат платени најмалку со 300 евра кога се апсолвираат пракси за време на студирањето, и тоа во секоај бранша.

„Се соочуваме со големи разлики во однос на поединечни студиски правци. Типично е студентите кои студираат некои од инжинерските професии одат помалку на пракса од оние кои се обврзуваат во областите култура или социјалните науки. Исто така постои голема разлика во односот на браншите кон праксите. Додека во индустријата се забележува регулиран статус, јавните служби честопати нудат пракси без надомест.“

Искуство кое не се плаќа со пари

Generation Praktikum
Гете институтот во БонФотографија: DW

На Ана Санкило не и пречи, што за нејзината пракса во Гете институтот во Бон не добива никаков надомест. Благодарение на поддршката од родителите и натаму може да ги плаќа станарината и другите месечни расходи. Исто така за време на студиите работела и заштедила пари. „Се разбира не смее да дозволиме да бидеме искористувани. Но мислам дека секој треба да инвестира во себе и можеби да собира искуства, иако не е платен за тоа, затоа што на тој начин се напредува и се запознаваат луѓе, се склучуваат контакти и се учи занаетот. За мене тоа е поважно отколку парите.“

Меѓутоа не секој апсолвент вака безгрижно може да посетува пракси. Двајца од десет апсолвенти за тоа мора да примаат социјална помош од државата, вели актуелната студија. А стравот на младите академски образовани граѓани од невработеност се чини е оправдан. Имено и ако и по студирањето одат на пракса, само секој петти од нив по завршувањето на праксата добива и вработување.

Автор: Елизабет Јан/ Александра Трајковска

Редактор: Борис Георгиевски