1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Многу среќа на твојот пат, Азербејџан!“

А. Шубиќ/Ж. Ацеска27 мај 2012

Непосредно пред почетокот на Евросонг полицијата во Азербејџан брутално ги растера мирните демонстранти. Но, единствено германската водителка јавно изрече барем прикриена критика на тамошниот режим.

https://p.dw.com/p/153C1
Фотографија: picture-alliance/dpa

Со нафта богатиот Азербејџан не штедеше ни труд ни пари за 57-от Евросонг да биде што поблескав и пораскошен од претходните натпревари. Посебно за оваа пригода беше изградена Кристалната сала, и тоа со помош на Германците, во која беше одржана Песната на Евровизија. Организаторот, Азербејџан, јасно покажа дека сака да се претстави во најдобра светлина пред 120 милиони гледачи.

Eurovision Song Contest 2012 Aserbaidschan Baku
Евросонгот во Баку според режимот требаше да биде совршенФотографија: dapd

Последното што го сакаше режимот на претседателот Алијев беше опозицијата да го искористи музичкиот натпревар и присуството на бројни новинари од Европа за да потсети на систематското прогонување на политичките противници и вообичаената пракса на фалсификување на изборните резултати во земјата. Само неколку часа пред почетокот на манифестацијата полицијата брутално ги растера демонстрантите за да „ не ја поматат“ сликата на „совршена“ држава. Уапсени беа повеќе од 70 лица, а пет-шест по итна постапка беа осудени на пет до шест дена затвор. Пред Евросонгот повторно беше отворено прашањето на напди врз новинари и апсењето седуммина припадници на седмата сила.

Бодови и „поздрав“ од Германија

Но, за време на самиот музички натпревар не можеше да се забележи ништо од напнатостите во земјата. Дури за време на гласањето, додека шведската пејачка Лорен беше се‘ поблиску до очекуваната победа, јавувањето од Германија на водителката Анке Енгелке, минатогодишната водителка на Евровизијата, барем малку ја помати идилата според волјата на режимот во Баку. Во јавувањето Енгелке изјави: „ Вечерва никој не може да гласа за својата земја. Но, добро е да се има избор. Многу среќа на твојот пат, Азербејџан, Европа те надгледува!“

Aserbaidschan Polizei
На опозицијата во Азербејџан не и‘ е до песнаФотографија: AP

Тоа е далеку од некаква јасна политичка порака, но германската водителка и за оваа умерена критика собра еднодушно одобрување од германската јавност. Нејзиниот шеф, координаторот на забавната програма на германската телевизиска мрежа АРД Томас Шрајбер целосно ги поддржа зборовите на Енгелке:

„Ние бевме единствена земја која воопшто се изјасни во таа претстава. Анке тоа го рече на шармантен, но сепак многу јасен начин“.

Се‘ е политика

Забавниот натпревар за Песна на Евровизија упорно одрекува било каква поврзаност со политиката. На него понекогаш доаѓаа и песни со политички содржини, но никогаш не предизвикуваа големо внимание. Но, манифестацијата која и‘ се обраќа на милионска публика сакала или не, донекаде е и политичка. За време на Железната завеса, на Исток беше „непожелно“ гледањето на „декадентното“ натпреварување на Запад и дури за време на Горбачов тамошните телевизии започнаа да го пренесуваат Евросонг.

Anke Engelke Moderatorin von Anke Late Night
Анке Енгелке единствена имаше храброст за критикаФотографија: AP

Политика беше и победата во 1970-та година на Дана од Ирска, со католичка вера со песничката „All kinds of everything“ во време кога беше разгорен судир меѓу пробританските и ирските републиканци на северот на Ирска. Политика беше и срдечниот, долготраен аплауз кога водителката на Евровизија, на почетокот на 90-тите ги поздрави трите нови земји на натпреварот - Хрватска, Словенија и БиХ, каде Мухамед Фазлагиќ мораше да се пробива од опколеното Сараево кое беше под постојано гранатирање за да ја отпее „Целата болка на светот“.

Затоа и германските гледачи, кои преку социјалните мрежи ја коментираа Евровизија во Баку, беа еднодушни во оценката: 12 бодови и‘ доделија токму на германската водителка, Анке Енгелке.