1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Можен ли е нов судир на Блискиот исток?

27 јуни 2006

Коментар на Петер Филип

https://p.dw.com/p/Ae0X
Олмерт и Абас: може ли нивната средба да биде залудна?
Олмерт и Абас: може ли нивната средба да биде залудна?Фотографија: AP

Во кризата околу грабнатиот израелски војник од страна на радикалните Палестинци, Израел побара негово ослободување со рок до денеска. Ако тоа не се случи, тогаш на Палестинците, според израелската влада, им се заканува казнена акција на армијата во појасот Газа, која веќе концентрираше трупи и тенковски единици на границата. Премиерот Ехуд Олмерт се закани со „широка и долга акција„.

На Блискиот исток во последно време имаше знаци за подобрување. Не само поради средбата меѓу Олмерт и Абас, туку и затоа што Абас и неговиот внатре-политички противник, шефот на владата на Хамас, Ханија, наводно постигнале согласност за редуцирање на насилството. Колку да беше сето тоа маргинално, таквите надежи сега се уништени со еден удар: грабнувањето на еден израелски војник би можело да предизвика израелска одмазда со што ќе згаснат и најмалите искри на надеж.

Едиснтевниот излез од ваквата ситуација би бил ослободување на грабнатиот војник, иако не се знае дали тој воопшто е се уште жив. Ако на премиерот Ханија му успее да издејствува ослободување, тогаш би спречил и израелски напад. Ако не, тогаш ризикува да му биде префрлено дека е немоќен како и неговите претходници, или пак да му се префлри дека е под ист покрив со насилниците. За Израел нема разлика. А, ако Израел сепак ги испрати тенковите во Газа, тогаш одвај ќе може да го спаси грабнатиот. Затоа пак, тоа на палестинското цивилно население ќе му донесе нови маки што ќе го турне во таборот на непријателите на мирот. Вистина сложена ситуација од која има само еден излез кога обете страни истовремено би увиделе дека насилството никому не му користи. Тоа не носи никакво решение, туку само нова и поголема несреќа.

Петер Филип