Можна ескалација на насилството на Косово
9 април 2007Реклама
Меѓународните организации за помош веќе имаат планови за евакуација на Србите од Косово,објавува денешниот германски неделник Шпигел.Албанските политичари се закануваат со еднострано прогласување независност.Тогаш и без резолуција на Советот за безбедност на ОН не се исклучува американско признавање на Косово.Во таков случај Србите во северниот дел од покраината би реагирале со отцепување и би ги вовлекле трупите на КФОР во вооружене конфликт,наведува Шпигел.