1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МОК – забрана

25 април 2007
https://p.dw.com/p/AgAe

Меѓународниот Олимписки Комитет им изрече доживотни забрани за учество на Олимписки игри на шестмина австриски олимпијци поради допинг. Од забраната се погодени тројца биатлонци и тројца нордиски скијачи – Волфганг Пернер, Фридрих Пинтер, Волфганг Ротман, Роланд Дитхард, Јоханес Едер и Мартин Таубер. Највисоката казна во историјата, шестемина ја добиваат поради допинг на Олимписките игри во Торино. Ним истовремено ќе им бидат прешкртани сите досегашни пласмани на Олимписките игри.