1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Молитви за жртвите од цунамито во Индискиот океан

26 декември 2009

Пет години по големата катастрофа што ја предизвика цунамито во Индискиот океан, луѓето од целиот свет денеска (26.12.09) им оддаваат почит на жртвите.

https://p.dw.com/p/LE0O
Цунамито остави пустошФотографија: AP

Во Банда Аче на островот Суматра голем број луѓе присуствуваа на молитвите. Во Тајланд стотици будистички монаси ја водеа церемонијата во спомен на жртвите. Церемонии за загинатите се одржаа и во Шри Ланка, Индија и западните земји.

Во 14 земји, од Индонезија до Мадагаскар на 26 декември 2004 година животот го загубија 230.000 луѓе, меѓу нив и голем број туристи, кои ги минуваа божиќните празници на плажите во Тајланд и Шри Ланка. Катастрофата потоа предизвика и бран на огромна хуманитарна помош, која од целиот свет пристигнуваше до погодените региони. Во меѓувреме се изградени куќи, мостови и улици, риболовците добија нови бродови, а децата кои останаа без родители добиваат финансиска поддршка.

На вториот ден Божиќ пред пет години, земјотрес со јачина од 9,1 степен, еден од досега најсилните регистрирани земјотреси, го погоди западниот брег на Суматра. Поместувањето на тлото на морето предизвика цунами, чии бранови во висина и до 30 метри во рок од само неколку минути го погодија брегот на островот Суматра. Наредните часови убиствените бранови се проширија преку Индискиот океан и предизвикаа огромни човечки и материјални штети, и опустошија многу региони се’ до брегот на Африка.

Автор: АТ/БГ/дпа