1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Моркови од воздух - помош за кенгурите во Австралија

14 јануари 2020

Во пожарите во Австралија страдаат луѓето, но и животните. Властите во државата Нов Јужен Велс, една од најпогодените, решија да им помогнат на гладните животни со дотур на храна од воздух.

https://p.dw.com/p/3WBVY
Buschbrände in Australien
Фотографија: picture-alliance/dpa/Supplied

За да ги обезбедат егзистенцијално загрозените планински кенгури, помагачите во Австралија фрлаат моркови и слатки компири со хеликоптери од воздух. Поради шумските пожари, дивите животни не можат да најдат доволно храна. Експертите сметаат дека во огнот настрадале преку една милијарда цицачи, рептили и птици. 

Моркови од воздух - помош за кенгурите во Австралија