1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Морски сирени во базен

Ј.Лудвиг / Е.М.Фиданоска21 јуни 2013

Во еден базен во Фрајбург 148 девојки се обидоа да постават рекорд. По долг тренинг, облечени како морски сирени, влегоа во книгата на рекорди.

https://p.dw.com/p/18og2

Морска сирена - суштество од бајки, убаво и таинствено. Горната половина од телото и‘ е човечка, од колковите надолу има рибина опашка. Во еден базен во Фрајбург ги има 148 и сите сакаат да постават светски рекорд во категоријата „најмногу морски суштества кои пливаат во еден базен“. Идејата е на Катарина Хегеман, која специјално за таа цел го има основано клубот на морски сирени.

„Мислам дека за тоа потајно сонуваат сите девојки, нели? А како е да бидеш морска сирена, запознаваш кога имаш можност да е облечеш таков костим на карневал. Но, навистина да имаш перка со која можеш да пливаш - тоа е нешто посебно“, вели Хегеман, основач на „Клуб на морски сирени“.

За тоа мораа долго да тренираат, зашто да се нурка под вода со перки изгледа полесно отколку што навистина е. Морските сирени во Фрајбург имаат и уште нешто сосема необично меѓу прстите.

„Тоа се кожички за пливање. Функционира извонредно. Минатата недела првпат ги испробавме. Потоа добиваш воспаление на мускули од сосема поинаков вид. Навистина е чудо колкава е разликата. Може нагло да се смени насоката на пливање, супер“, вели Хегеман.

Сите сирени во вода! Обидот за поставување рекорд може да почне. На крајот сите морски сирени се туркаат во базенот. За пливање речиси и нема место.

Единаесетгодишната Џесика Шад, една од морските сирени, раскажува: „Да, беше навистина тесно, но мислам дека ќе успееме и ќе се најдеме во книгата на рекорди.“

И успеаја! Во базенот имаше 148 морски сирени, толку многу како никогаш досега.