1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Москва: главен град на лизгањето

Марејке Аден/Б. Георгиевски16 декември 2012

Московјаните обожуваат да се лизгаат на мраз. Низ градот има неброено многу лизгалишта, меѓу нив и најголемото во Европа во Горки паркот. Особено задоволство е да се сврти кругче пред Кремљ.

https://p.dw.com/p/16zCu
Фотографија: picture alliance/dpa

Лизгање директно пред Кремљ и пред Мавзолејот на Ленин. Во советските времиња тоа беше незамисливо, но денес е многу популарно. Овие московјани подранија за да бидат меѓу првите годинава и да ги избегнат турканиците на лизгалиштето.

„Ова е срцето на Москва и мене ми се допаѓа тоа што тука има една мешавина на модерен стил и историски градби“.

„Порано имаше лизгалиште пред секоја куќа. За децата тоа беше одлично и сите уште од рана младост знаеја да лизгаат. Затоа кај нас лизгањето се смета за народен спорт“, велат дел од граѓаните кои меѓу првите го испробаа новото лизгалиште.

Russland Moskau Land und Leute Gorki Park
Паркот Горки во МоскваФотографија: J. Sorges

Во Москва има повеќе од 1.500 лизгалишта, меѓу нив и најголемото во Европа во паркот Горки, кое претставува 18 илјади квадрати вештачки мраз. Лизгањето тука е традиција веќе 70 години. Порано се лизгало на замрзнатите патеки во паркот. Денес паркот Горки е едно од најпопуларните места во градот.

„Прекрасно е да се дојде овде со пријателите. Мнозинството млади луѓе сакаат зимските ноќи да ги минат токму овде. Тоа е забавно“, вели еден посетител.

Вештачкиот мраз се одржува до плус 15 степени Целзиусови. Лизгалиштето во паркот Горки е отворено до март. Доволно време за московјаните да покажат што знаат.