1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мубарак не се повлекува и предупредува од хаос

4 февруари 2011

САД преговараат со високи претставници на египетската влада за брзо повлекување на претседателот Мубарак. Шефот на државата одбива оставка. Во Каиро ноќта мина релативно мирно, а опозицијата најави нови протести.

https://p.dw.com/p/10AWP
Протести се најавени и за денеска (04.02)Фотографија: AP

На плоштадот Тахрир во Каиро во текот на ноќта беше релативно мирно. Околу 10.000 демонстрантите останаа таму, некои од нив танцуваа и пееја. Во борбите од последните два дена животот го загубија најмалку осум лица, а околу 900 се повредени.

Во меѓувреме, САД преговараат со високи претставници на египетската влада, претседателот Хосни Мубарак веднаш да се повлече од функцијата. Освен ова, на преговорите станувало збор за формирање на преодна владата, која би требало да подготви слободни и фер избори во текот на годинава, изјавија доцна синоќа претставници на американската влада. Една од повеќето идеи е влада поддржана од силите за безбедност во Египет. САД немаат намера да му наметнат решение на Египет, туку станува збор за тоа Мубарак наскоро да ја напушти функцијата. „Претседателот рече дека е време да почне мирно предавање на власта“, изјави портпаролот на Белата куќа одговорен за областа национална безбедност Томи Виетор.

Flash-Galerie Ägypten Kairo Proteste Steinewerfer
Во борбите од последните два дена животот го загубија најмалку осум лица, а околу 900 се повредениФотографија: AP

Мубарак, меѓутоа, одбива оставка. Вчера во интервјуто за американската телевизија Еј-Би-Си изјави дека сега би се повлекол од функцијата, меѓутоа тоа не може да го стори од страв дека земјата ќе западне во хаос. Мубарак изјавил и дека е длабоко погоден поради насилството меѓу групите кои протестираат „за“ и „против“ владата. Владата, според него, не е одговорна за тоа. Мубарак смета дека за ескалацијата на насилствотот е виновно Муслиманското братство. Омар Сулејман, претходно, ги обвини странците ги поттикнувале немирите.

Бан Ки Мун остро побара промени во Египет

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, пак, синоќа од Берлин, по приемот кај германскиот претседател Кристијан Вулф, испрати невообичаено остар апел кон Каиро:

„Дозволете јасно да кажам - она што овде се случува е скандалозно и неприфатливо. Мора веднаш да прекине. Почитувањето на слободата на говорот и правото на слободно собирање е централен дел на демократијата. Ги повикувам одговорните во Египет уште еднаш да го слушнат гласот на народот и веднаш да почнат промени.“

Schweiz Wirtschaft Weltwirtschaftsforum in Davos UN Ban Ki mmoon Flash-Galerie
Бан: Ги повикувам одговорните во Египет уште еднаш да го слушнат гласот на народот и веднаш да почнат промениФотографија: AP

Германскиот претседател Кристијан Вулф по средбата со генералниот секретар на ОН изрази поддршка за сите на кои со оглед на актуелната ситуација во Египет таа им е најпотребна:

„Многу сум загрижен за внатрешниот и надворешниот мир во регионот, за слободата и слободниот, демократски развој. Германија во секој случај ќе им пружи секаква помош на оние кои се залагаат за слободни избори и слободен развој. Ги отфрламе сите обиди, со помош на насилство да се создаваат факти.“

Вулф и Бан Ки Мун беа согласни дека на Египет итно му е потребен нов политички почеток.

Автор: Рихард Фукс/ дапд/ Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска