1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мудис го намали рејтингот на шест држави

14 февруари 2012

Американската агенција за кредитен рејтинг „Мудис“ ја намали оценката за кредитоспособноста на шест земји од еврозоната-Италија, Португалија, Шпанија, Малта, Словачка и Словенија.

https://p.dw.com/p/142vO
Фотографија: picture alliance/dpa

Агенцијата „Мудис“ го намали за два степена кредитниот рејтинг на Шпанија (од А1 на А3), за еден степен на Италија (од А2 на А3), на Португалија од Ва2 на Ва3, на Словачка од А1 на А2, на Словенија од А1 на А2 и на Малта од А2 на А3.

Исто така, долгорочната прогноза на „Мудис“ изгледа негативно за уште три земји со врвен кредитен рејтинг од тројно А - Франција, Велика Британија и Австрија.

Според аналитичарите на „Мудис“, намалувањето на рејтинзите и на прогнозите ја одразува попустливоста на овие девет земји кон зголемените финансиски и макроекономски ризици, кои произлегуваат од кризата во еврозоната. Без промена остана високиот кредитен рејтинг на Германија.

Шојбле изрази разбирање за протестите во Грција

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле апелираше до грчката влада, да ги запре меѓупартиските спорови и да ја прифати понудата за помош од Европската Унија. Истовремено, тој изрази разбирање за протестите на грчкото население. Шојбле изјави дека е разбирливо луѓето да ги чувствуваат како неправедни условите за штедење што ги поставуваат меѓународните кредитори. Но исто така е јасно, истакна министерот, дека Грција долго време живеела над своите можности. Сега е важно грчката економија повторно да стане конкурентно способна и ЕУ затоа нуди секаков вид помош и совети, порача Шојбле.

Автор:СН/БГ/дпа/миа/афп

Редактор: Е.М. Фиданоска