1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Смртоносна роденденска забава

СН/ агенции
29 декември 2017

Најмалку 14 луѓе загинаа во големиот пожар кој избувна во популарен ресторан во Мумбаи во раните утрински часови. Оваа последна катастрофа предизвика грижи во Индија поради незадоволителните мерки за заштита од пожари.

https://p.dw.com/p/2q5l4
Indien Großfeuer in Mumbai
Фотографија: Reuters/Poonam Burde

Многу од жртвите во страшниот пожар беа девојки кои присуствуваа на роденденска забава на покривот на ресторанот, кога избувна пожарот, соопштија властите во индиската финансиска метропола. Лекарите соопштија дека тие страдале од гушење со чад, очигледно додека се обидувале да избегаат од зградата во пламен.

Уште читајте: Катастрофален пожар во Њујорк

Локалните медиуми јавија дека покривот на четирикатната зграда се урнал под притисокот на пламените јазици, блокирајќи им го на тој начин патот на луѓето кои се затекнале во зградата и се обиделе да избегаат.

Пожарот беше изгаснат во раните утрински часови, а сите преживеани кои биле однесени во болница се пуштени по неколку часа.

Страшен пожар во Мумбаи

Полицијата соопшти дека ги истражува причините за пожарот и оти поднесла прелиминарна тужба против сопствениците на ресторанот. 11 од 14-те жртви се девојки, кои присуствувале на роденденската забава, соопштија властите. Случаи на пожари се чести ширум Индија поради лошите безбедносни стандарди и незадоволителната примена на постоечките регулативи за противпожарна заштита.